ЗА ТАМАРО

ТАМАРО ПОВЕЌЕ ОД МАРКЕТ

ТАМАРО ПОВЕЌЕ ОД МАРКЕТ Нашата приказна… Постоиме 20 години и заедно со целиот тим и сите луѓе кои годиниве поминале низ него станавме успешна компанија со сериозни успеси зад себе…  А започнавме токму овде… „ТАМАРО“ е трговска фирма која е основана во далечната 1997 година. Името го добива по првите две букви од имињата на сопствениците Татјана и Роберто и нивната тогаш 7-годишна ќерка Марија (сега менаџер на најголемиот „Тамаро 7“ маркет). Фирмата започна да работи во објект со површина од само 15 м2, за по само една година да се прошири на 30 м2. Следува успешна работа, за по 3 години веќе да се прошири на дуќан од 60 м2. Купувачите уште тогаш го препознаа како „свој“ маркет и веруваа во него. Во 2005 година е отворен првиот простор за магацин на големо „А.М.“ Веќе следната година е отворен вториот „Тамаро“ маркет во населбата Лескоец, Охрид, по кој следуваше и „Тамаро 3“ маркетот во истата населба. По две години успешна работа беше отворен „Тамаро 4“ маркетот во населбата Далјан, по кој семејството на „Тамаро“ се прошири и со петтиот маркет на површина од 250 м2 лоциран на булеварот „Туристичка“ во 2012 година. Една година подоцна, во 2013 година, синџирот маркети „Тамаро“ го доби новиот член – шестиот по ред маркет на 500 м2 со бесплатна игротека за деца внатре во маркетот и уште една пред самиот објект. Истата година започна и со своја специјализирана техника на обучување на целиот персонал и сопствена организација на комплетното работење на маркетите. Во 2014 година е отворен „Тамаро 7“ маркетот на корисна површина од 650 м2, со магацински простор од 430 м2. Во 2015-та година, маркетот е проширен за дополнителни 450 м2, односно сегашните 1.100 м2. Во маркетот работи и игротека за најмладите, а се продава и готова храна и додатоци за спортистите. 2015-та година беше многу успешна за нас. На 9-ти ноември, точно во 12:00 часот беше свечено отворен првиот маркет на „Тамаро“ во Струга. Истиот е лоциран во строгиот центар на градот, на улицата Кеј „Маршал“, пред стариот трговски центар. Во 2016 година, во склоп на „Анабела“ производството започнува со работа и „Тамаро“ пекарата, а производството е проширено на над 500 м2 во кои работат и слаткарата и кујната за готови јадења. „Анабела“ е лоцирана во просториите на нашиот магацин на големо „АМ“ на над 2.500 м2. Магацинот доставува роба до нашите маркети во Охрид и околните места, заедно со Струга и околните места. Роба се доставува и во Дебар, Кичево и Ресен. Магацинот „АМ“ работи и извоз во Австралија и се` уште се шири во тој дел. Дистрибутери сме на многу програми во Охрид и пошироката околина, но и Струга, Дебар, Кичево и Ресен. Се` поважен сегмент во работењето на „Анабела“ е производството во делот на кујната, односно готовата храна. Во моментов, покрај за купувачите во „Тамаро“ маркетите, готвиме оброци за многу компании и фабрики и овој сегмент во нашата работа ќе се развива во периодот кој е пред нас. Според генералниот план за развој во 2018 година, предвидено е и зголемување на обемот на работа и инвестирање во пекарата на „Тамаро“. „Тамаро“ е веќе сериозен бренд на кого му веруваат купувачите и партнерите. Развива своја маркетинг стратегија, со добри цени и соработка со многу фирми. Зад себе има бројни проекти и постојано го шири ланецот маркети, со што се зголемува продажбата, а услугите и производите на „Тамаро“ се` полесно стигнуваат до секој дом во Охрид и околината. Во 2015 година започна еден сосема нов пристап кон промоцијата и маркетингот на компанијата. Заедно со креативниот тим на Супер радио стартуваат организација на многу проекти: „Сладок декември“, „Совршен ден на вљубените“, „Фудбал, пиво и пријатели со Златен даб“, „Грандисима Мортадела“, и последните OhridSUPERSTAR, „Супер Винчини лето“, „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“ и многу други… На 10-ти април 2017 година „Тамаро“ за своите купувачи понуди уште еден новитет, односно „Тамаро ЛИМИТ“, новиот бренд, Хард дисконт, со лимитиран број производи, кои ќе се продаваат по исклучително ниски цени. Од самиот почеток со работа на компанијата беше воведена традиција за доделување на новогодишни пакетчиња, прво за дечињата на вработените, за по 2013 година да прерасне во голема манифестација. Една година подоцна, во 2014-та, имавме голема забава за најмладите пред „Тамаро 6“ маркетот во „Братство“. Следната, 2015-та забавата ја преселивме во „Тамаро 7“ маркетот каде со голем оган и многу подароци за 500 најлојални купувачи обезбедивме подароци, а Дедо мраз подели пакетчиња за нивните дечиња. Во 2016-та година направивме ПРОБЛЕМ…. Од полицијата имавме сериозна забелешка дека буквално го блокиравме градот, затоа што таа вечер сите патишта водеа кон ИБ Центарот каде „Тамаро“ ја организираше големата забава за своите најредовни купувачи и секако нивните најмали и најмили. Доделивме над 2.200 пакетчиња, а според нашата евиденција во ИБ Центарот поминаа неверојатни 5.000 луѓе. Лидерскиот тим составен од Роберто и Татјана Шутески и Марија и Климент Србиноски за подобрување на работните стандарди и односот кон потрошувачите, постојано организираат сопствени обуки и предавања за вработените. Тоа резултира со сериозни резултати и одличен менаџерски кадар. Идните планови на компанијата предвидуваат сериозно проширување на брендот „Тамаро“ со нови објекти и воведување на нов систем за обучување на персоналот. Наскоро ќе се воведе и комплетно нов систем за анализа и подобрување на продажбата како дел од новиот аналитички Центар кој наскоро ќе започне со работа во нови канцеларии. Ваши „ТАМАРО“ маркети

Мисија и визија

  • подобрување на работните стандарди и односот кон потрошувачите
  • сопствени обуки и предавања за вработените
  • сопствено производство
  • зголемување на производите под брендот на „Тамаро“

1997 – Основање и првиот Маркет Тамаро 1
2005 – Отворен е магацинот “А.М.”
2006 – Отворен е Тамаро 2
2006 – Отворен е Тамаро 3
2008 – Отворен е Тамаро 4
2012 – Отворен е Тамаро 5
2013 – Отворен е Тамаро 6
2014 – Отворен е Тамаро 7
2015 – Отворен е Тамаро 8
.