Пуштени во продажба билетите за полуфиналето на Талент шоуто Ohrid SUPERSTAR.

polufinalebilet

– Билетите ќе можат да се набават во Music Shop ZZ Top, „Тамаро 5“ маркетoт на Булевар „Туристичка“ кој работи 24 часа и во студиото на Супер радио. Со нив публиката ќе може да се гласа за својот фаворит во полуфиналето кое ќе се одржи во недела на 2-ри април со почеток во 11:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Жири комисијата ќе одбере 5 учесници кои ќе влезат во финалето, а публиката ќе има можност со своите гласови да одбере уште двајца. На билетите се наведени имињата на сите кандидати кои влегоа во полуфиналето. Ќе треба да го заокружат името на еден фаворит и да го остават во посебно обележаните кутии во фоајето при Центарот за култура, информираат организаторите.

Во полуфиналето ќе се натпреваруваат: Ана Марија Кунеска, Емилија Петровска, Ирма Гогова, Андреа Јованоска, Илија Богданоски, Кристијан Танески, Роберт Сошански, Христијан Николоски, танцовата група „The Passengers“, Светлана Вељаноска, Катерина Трајковска, Мухамет Осман Џиџи, Филип Симоноски, бендот „High Voltage“, Ивана Коскоска, Мила Василеска, Викторија Донеска, Ангела Маркоска, Надица Наумоска, Билјана Буџакоска, Сара Петреска и бендот „Barel Row“.

Финалето на Ohrid SUPERSTAR ќе се одржи на 9-ти април со почеток во 11:00 часот во големата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.