Летото е во полн ек, а со него и промоциите и настаните кои за своите верни купувачи ги организираат водечките во Охрид и регионот „Тамаро“ маркети.

– До 15-ти август купете Nescafe класик, Nescafe 3 во 1 или други Nescafe производи во вредност од 299 денари и побарајте грепка. Секоја од нив е добитна за некој од 1.406-те подароци кои се подготвени за Вас. Уште и многу изненадувања и супер забава во „Тамаро“ маркетите со Илија Богданоски од Ohrid SUPERSTAR и Супер радио, информираат од охридските „Тамаро“ маркети.

tamaronestleСите забави ќе се одвиваат во водечките маркети на „Тамаро“ во текот на целото лето.

Илија Богданоски беше еден од најзабележителните учесници на првото талент шоу во Охрид – Ohrid SUPERSTAR, на кое тој се претстави со Стенд Ап настапи. Од Супер радио тој го доби овој радио проект заедно со Nescafe и „Тамаро“ маркетите, за веќе од септември да стартува со своја авторска анти-емисија.