Охридските „Тамаро“ маркети се профилираат како вистински лидер во својот сегмент во регионот на Охрид и Струга. Со точно дефинирана патека по која се движи развојот на компанијата, со постојано вложување во модернизирање на целиот процес и секако во вработените кои се носечка сила на компанијата.Tamaro3

За успехот на „Тамаро“, за начинот на работа и предизвиците со кои се соочува, мини-интервју со Благица Ситникоска, одговорна за работата со персоналот во „Тамаро 7“ маркетот во Охрид.

Супер радио: Што конкретно подразбира функцијата која ја извршувате во „Тамаро“ маркетите?

Ситникоска: Одговорна во смена во „Тамаро 7“ маркетот. Функцијата подразбира сериозна организираност на вработените и нивните активности, контрола на рафтовите, контрола на блоковите на производи како и наместеност на цени, враќање роба и сл.

Супер радио: Кажете ни нешто повеќе за себе. Колку време сте со тимот на „Тамаро“?

Ситникоска: Со тимот на „Тамаро 7“ сум 3 години и 3 месеци, всушност од самото отварање на маркетот. Најважното нешто е да се вклопиш во тимот, да направиш колегите да веруваат во тебе доколку сакаш да успееш, а со тоа и меѓусебно да се помага во врска со извршувањето на задачите, и воедно да се постигне одредена цел. Во принцип сум амбициозна, одговорна, точна, стабилна, љубезна, комуникативна личност која сака да работи со тим.

Супер радио: Да ги запознаеме читателите со еден ваш работен ден. Дали би им препорачале на младите невработени луѓе да се пробаат во оваа тешка, но одговорна работа?

Ситникоска: Би им препорачала на сите луѓе да се испробаат во оваа одговорна, но многу убава работа. Меѓутоа, само ако се подготвени и ако имаат цврст карактер, затоа што треба да се одговорни и посветени на работата. Еден работен ден вклучува: организирање на вработените за извршување на активности, проверка на рафтови за среденост на производи, проверка на цени на рафтови пред производи, уредување на акциски места, изложување на акциски производи, помош на купувачите и носење до рафт за производи за кои што ќе прашаат, решавање на појава на проблем, враќање роба и сл.

Супер радио: Компанијата „Тамаро“ е веќе добро позната во јавноста во овој регион на државата. Дали според Вас е предност да се работи во вака голема компанија?

Ситникоска: Да, предност е да се работи во оваа голема компанија бидејќи има одлични тимови, добра комуникација, брзо и лесно решавање на проблеми, редовна и навремена плата, и што е битно можеш да учиш и да напредуваш.

Супер радио: Дали Ви останува доволно време за семејството и пријателите. Може ли со правилно распоредување на времето се` да се стигне?

Ситникоска: Со оглед на работното време и по завршувањето на истото има време и простор за семејството и пријателите. Работното време не би требало да има никаква поврзаност со пријателите и приватниот живот.

Супер радио: Каде ја гледате „Тамаро“ како компанија за 5 години. Како според Вас ќе се развива истата?

Ситникоска: Компанијата „Тамаро“ од година на година има нови изненадувања, тоа е доказ уште од самиот почеток со отварање на „АМ“ магацинот, новите маркети низ Охрид и Струга, „Анабела“ слаткарата, готовите јадења и сл. Одлична компанија на државно ниво и очекувам да работи со иста брзина и развивање како и досега.