Охридски ланец маркети „Тамаро“, од денес за своите купувачи нуди нова поволност и најавува нов бренд, Хард дисконт.

 

tamarolimit21tamarolimit3

Станува збор за маркет со лимитиран број производи, кои ќе се продаваат по исклучително ниски цени.

tamarolimit4tamarolimit5

 

Како што велат од менаџерскиот тим на „Тамаро“, понудата содржи асортиман од 350 најосновни артикли, кои ќе се продаваат по екстремно ниски цени и ќе ги има само во овој дисконт. Ќе има многу производи под брендот на „Тамаро“.

tamarolimit6tamarolimit7

Маркетот се простира на околу 400 м2 и се наоѓа веднаш до „Тамаро 6“ маркетот на улицата „7-мо Ноември“, во склоп на фабриката „Братство“. Работното време е од 11:00 до 19:00 часот и има 45 слободни паркинг места за купувачите.