Откако во саботата се емитуваше премиерно на програмата на Регионалната О2 телевизија, од денес на YouTube е достапна снимката од првата од двете прелиминарни аудиции со кандидатите пријавени за Талент шоуто Ohrid SUPERSTAR.

ohridsuperstar4– На првата и втората прелиминарна аудиција поминаа сите кандидати, а целта беше нашите ментори да вежбаат со кандидатите за да се разбие тремата, но и да се работи на песните со кои се претставуваат. Максимално сме задоволни од кандидатите кои се претставија во одлично светло и покажаа дека сите напори кои се вложени во тоа ова Шоу да изгледа така како што изгледа се оправдани, велат организаторите.

Втората ваква аудиција се одржа во неделата, а снимката од истата ќе се емитува во сабота, во редовниот термин од 20:45 часот. Во втората половина на март ќе следуваат и двете елиминациони аудиции, а во текот на април се предвидени и полуфиналната вечер и големото финале.

Насоки на младите талентирани охриѓани и стружани како ментори им даваат Даниел Јовески, Јовица Каралиевски и Димче Китрозоски, кои беа членови и на Жири Комисијата, како и Анита Мицова и Зоран Кречо.

Погледнете ја во целост снимката од Првата прелиминарна аудиција на