Охридските „Тамаро“ маркети се профилираат како вистински лидер во својот сегмент во регионот на Охрид и Струга. Со точно дефинирана патека по која се движи развојот на компанијата, со постојано вложување во модернизирање на целиот процес и секако во вработените кои се носечка сила на компанијата.Tamaro1

За успехот на „Тамаро“, за начинот на работа и предизвиците со кои се соочува, мини-интервју со Мирјана Костоска, одговорна за работата со персоналот во „Тамаро 6“ маркетот во Охрид.

Супер радио: Што конкретно подразбира функцијата која ја извршувате во „Тамаро“?

Костоска: Функцијата која ја извршувам, всушност подразбира пред се` грижа за изглед на маркетот, потоа, внатрешниот изглед (наместеноста на артиклите и цените пред секој артикл), организирање на вработените во маркетот, грижа за купувачите (трајно ниски цени, услужливост и љубезност кон нив), снабдување на нови асортимани и сл.

Супер радио: Кажете ни нешто повеќе за себе. Колку време сте со тимот на „Тамаро“?

Костоска: За себе можам да кажам дека сум амбициозна, културна,упорна личност. За мене не постои зборот „не“, не можам“ и не сакам“. Со тимот на „Тамаро“ сум од почетокот на 2015 година.

Супер радио: Да ги запознаеме читателите со еден ваш работен ден. Дали би им препорачале на младите невработени луѓе да се пробаат во оваа тешка, но одговорна работа?

Костоска: Работниот ден започнува во 07:00 часот, а завршува во 15:00 часот. Првично правам обиколка во маркетот и ги организирам вработените со местење  на артиклите кои претходно се потрошиле (тргање на лице во маркетот), потоа проверувам залихи на артикли и се подготвувам за нарачки со комерцијалистите. Проверувам влез и излез на роба од предходниот ден, проверувам делистирана роба и истата ја нарачувам во нашиот магацин на големо „АМ“. Разговарам со вработените за нивните проблеми во склоп на работата (решавање на рокови кои се пред истек, решавање на позиции во маркетот по рафтови и акциски маси). Се консултирам со Директорите за нови идеи и цени, кои многу ни значат за да одиме чекор погоре од другите компании. На младите невработени луѓе им препорачувам да се обидат, бидејки не е тешка работата доколку се подготвени и амбициозни да одат напред во животот, а нашите Директори се секогаш спремни и трпеливи за нивно обучување и подготовка за предизвиците кои се пред нив.

Супер радио: Компанијата „Тамаро“ е веќе добро позната во јавноста во овој регион. Дали според вас е предност да се работи во вака голема компанија?

Костоска: „Тамаро“ е веќе познат бренд во државата. Предност е да се работи во ваква успешна компанија бидејки нуди добри услови и е меѓу најстабилните компании во моментов во Република Македонија.

Супер радио: Дали Ви останува доволно време за семејството и пријателите. Може ли со правилно распоредување на времето се` да се стигне?

Костоска: Работниот однос завршува во 15:00 часот. После работниот однос имам сосема доволно време, како и секој друг вработен човек за своето семејство и за пријателите. Со добра организација и навремено завршување на обврските во текот на работните сати останува доволно време за се` друго во приватниот живот.

Супер радио: Каде ја гледате „Тамаро“ како компанија за 5 години. Како според вас ке се развива истата?

Костоска: „Тамаро“ како компанија е веќе успешна компанија, а за 5 години ја гледам проширена во повеќе области. Очекуваме развој во секој сегмент, вклучувајки ги и Anavella слаткарата и Anabella кујна и пекарата. Исто така ја гледам во иднина и во соседните држави каде што ќе се извезува нашиот бренд „Тамаро“ производи кои ги нема во други маркети, освен во „Тамаро“ маркетите. Според мене, веќе се насетува тој развој и се надевам дека планираното ќе се оствари во скора иднина.