Во полн ек се активностите во рамките на проектот „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“, кој го организираат водечките охридски „Тамаро“ маркети и Супер радио.

slozuvalkashilla061017

Еден од сегментите на проектот е секако и големата сложувалка која е поставена на терасата на кафе бар „Shilla“, а која секојдневно се пополнува со по една коцка, која води до одговорот на прашањето и секако до вредните награди:

– Треба да направите фотографија од сложувалката и заедно со точниот одговор – кој производ на „Витаминка“ се крие зад сликата да ја испратите на профилот на „Тамаро“ на Facebook.

Септември и октомври 2017 година ќе бидат месеци на „Витаминка“ во Охрид, порачуваат организаторите на новиот проект „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“.

– Во текот на овие два месеци, а како продолжение на многуте акции кои ги спроведовме периодов наназад, ќе имаме многу интересни настани и многу забава и награди за купувачите на „Тамаро“. Ќе не има секаде, ќе ги наградуваме сите. Ќе има специјални награди за оние кои ќе погодат која слика се крие зад големата сложувалка која веќе е поставена во центарот на градот, на терасата на кафе бар „Shilla“, ќе има донации за училиштата во Охрид, секојдневни награди за слушателите на Супер радио, слатки акции во најдобрите охридски кафе барови, конкурс за најдобар цртеж со мотив од Охрид за охридските ученици, изложба на најдобрите цртежи, дневни и неделни акции во „Тамаро“ маркетите со многу вредни награди – таблети, мобилни телефони, пакети со највкусните „Витаминка“ производи, маички и многу други. За најдобрите цртежи имаме посебно изненадување и посета на фабриката на „Витаминка“ во Прилеп, додаваат организаторите.

Викендов продолжуваат активностите предвидени во рамките на проектот „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“.

– Овој викенд организираме мини турнир во кошарка за нашите ценети купувачи. На големиот паркинг пред „Тамаро“ маркетот кој работи во склоп на фабриката „Братство“ на улицата „7-ми ноември“ оваа сабота со почеток во 12:00 часот ќе се одржи овој настан, за кој веќе имаме пријавени екипи. Ќе се натпреваруваат во кошарка, фрлање на слободни, тројки и слично. Имаме вредни награди за сите учесници и секако за сите наши купувачи. Според врменската прогниза, во сабота не очекува убаво и сончево време, што ќе биде причина повеќе да не посетите, порачуваат од „Тамаро“.

Сите заинтересирани учесници можат се` уште да се пријават преку порака на официјалната страница на Facebook на „Тамаро“. Секоја екипа треба да има по три натпреварувачи.